Грипот однесе уште пет жртви

Во текот на изминатата недела, регистрирани се пет нови смртни случаи од грип, од кои кај две лица е утврдена претходна хронична болест – коморбидитет.

Смртните случаи се регистрирани кај лица од Скопје, Делчево, Крива Паланка, Охрид и Тетово. Возраста на починатите се движи од 39 до 75 години.

Во текот на сезоната 2018-19, регистрирани се вкупно 28 смртни случаи асоцирани со грип, на возраст од 5 до 86 години.

Најголем број од починатите лица се жители на подрачјето на ЦЈЗ Скопје (13), 4 лица се од Охрид, по 2 од Кичево, Кавадарци, Делчево и Тетово, и по еден смртен случај е пријавен во Ресен, Крива Паланка и Валандово. Кај 20 лица (71,4%) е утврдено постоење на други заболувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот