ГРИПОТ ЈА ЗЕДЕ ПРВАТА ЖРТВА ВО МАКЕДОНИЈА: Почина 14-годишно девојче - Слободен печат

ГРИПОТ ЈА ЗЕДЕ ПРВАТА ЖРТВА ВО МАКЕДОНИЈА: Почина 14-годишно девојче

Девојчето имало и други заболувања, наведуваат лекарите.

Првата жртва од грипот во земјава е 14-годишно девојче, потврди д-р Гордана Кузмановска, епидемиолог во Институтот за јавно здравје, по информацијата добиена од Клиниката за детски болести, каде што вчера починало девојчето.

Детето од раѓање боледувало од хронична енцефалоптија, која дополнително го зголемила ризикот за ваквиот исход од инфекцијата.

Во моментов има 17 хоспитализирани деца, суспектни и болни од грип. Меѓу заболените има и потешки случаи и најчесто тоа се мали деца, лица со хронични заболувања и повозрасни лица.

Кузмановска потенцира дека со оглед на тоа дека сезоната почна две недели порано годинава, вкупниот број заболени е за 60 отсто поголем од вкупниот број заболени во изминатата сезона.

– Имаме голем број тестирани во нашата лабораторија за вирусологија и молекуларна дијагностика. Вкупно 108 материјали се тестирани од кои дури 69 се позитивни (64 проценти). Во ист процент се и инфлуенца А и инфлуенца Б изолатите. Најчесто заболуваат лица на возраст над 65 години, а зафатеноста оваа недела од децата на возраст до четири години сега се преместува кај децата на училишна возраст односно на возраст од пет до 19 години. Инциденцата е највисока кај овие популациони групи. Вкупниот број заболени од сезонски грип оваа сезона изнесува над 10.700 заболени, рече д-р Кузмановска.

Прочитајте и...  Помпео: Независноста на Косово останува клучна за стабилноста на регионот

Одговарајќи на новинарско прашање таа истакна дека затворање на училиштата и на други институции каде има групирање на население од различни возрасни категории е една од мерките која е на располагање на јавно здравствените авторитети, меѓутоа засега не е донесена таква мерка, што не значи дека во иднина нема да има потреба да се донесе.

– Ја следиме состојбата да видиме недела, две како ќе се движи и доколку има потреба ќе биде преземена и оваа или некоја друга мерка која здравствените авторитети ќе сметаат дека е соодветна, додаде д-р Кузмановска.

Сезоната на грип е во полн ек, а најмногу на удар се децата. Температура и силна кашлица која трае подолго време се симптомите кои ги мачат пациентите. Болниците регистрираат зголемен број на болни со симптоми на грип, но посериозни случаи се задржани на Клиниката за инфективни болести од кои двајца пациенти се во одделот за интензивно лекување.

Прочитајте и...  Велковски: Професионалноста треба да почне да царува и кај судските власти

Неделава има 3.600 новозаболени од грип што е најмногу досега, а вкупната бројка дистигна 10.700. Засега нема потреба за затворање на училиштата за да се спречи ширењето на грипот, велат здравствените власти.

Во многу училишта се бележи отсуство на по десет и повеќе деца од еден клас.

Грипот ги испразни училиштата, ги наполни амбулантите и болниците

Прочитај повеќе

Првата дама Елизабета: Вашата приказна може да инспирира некој друг, затоа споделете ја

Слободен печат

Светската трговија слаба на стартот на 2020 година, можно поголемо влошување

Слободен печат

Беџети: Изборите на 12 април ќе ја донесат долгоочекуваната промена во земјата

Слободен печат

Портпаролката на НАТО го поздрави донесувањето на Законот за одбрана

Слободен печат

Сириската армија собори дронови во близина на нафтена рафинерија

МИА Агенција

Најмалку девет лица се повредени во сообраќајни несреќи предизвикани од невреме во Германија

МИА Агенција

Остави Коментар

5 × оне =

Прочитај повеќе

Медиумите да се регистрираат во ДИК доколку имаат платено политичко рекламирање

Слободен печат

Ќе биде ли Избирачкиот список дежурен виновник и за изборите на 12 април?

МЗШВ: Јавните огласи за распределба на земјоделско земјиште се спроведуваат согласно законот

Слободен печат

Се состана работната група во МВР со цел надминување на состојбата со пасошите, закажана уште една средба

Слободен печат

ЕК за реконструкција на Албанија ќе издвои 100 милиони евра

Слободен печат

Бугарските власти поради птичји грип ќе усмртат 5.380 патки

МИА Агенција