Гринвуд останува во Јунајтед, Матип верен на Ливерпул

Мејсон Гринвуд потпиша нов договор со Манчестер јунајтед кој ќе го задржи до 2023 година, со опција истиот да биде продолжен на уште една година.

18-годишниот Гринвуд е производ од академијата на Јунајтед и стана најмладиот старер на клубот во Премиер лигата, во мај годинава дебитираше против Кардиф сити.

– Учам цело време од менаџерот и неговите асистенти и знам дека ова е совршен клуб да ми помогне да го постигнам потенцијалот – вели Гринвуд.

Помеѓу премиерлигашките гиганти се случи уште едно продолжување на соработката, поточно во европскиот шампион Ливерпул.

Жоел Матип кој е прва опција кај менаџерот Јирген Клоп за позицијата централен бек и досега имаше клучна улога за одличниот старт сезонава во Премиер лигата како лидери на табелата со максимални 24 бодови, осум повеќе пред второпласираниот Манчестер сити кој ја брани титулата.

Камерунецот беше стартер на шест од осум средби, денеска тој потпиша нов долгорочен договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот