Гринфилд: Странските инвестиции бележат пораст од 200 проценти

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Во периодот од јуни 2018. до мај 2019. година во нашата земја од гринфилд странски инвестиции се слеани 184,4 милиони долари, а тоа е раст од 200%, според податоците на „fDi Intelligence“, сервис на „Financial Times“.

Промените на политичката сцена, панел дискусијата меѓу премиерите на Албанија, Србија и Северна Македонија, како и формирање на заедничка иницијатива за промоција на инвестиции во 2017 година, покажуваат дека регионот настојува да се здружи за да привлече инвестиции и да поттикне економски раст.

Во 2018 година, според порталот во Западен Балкан е остварен најголем прилив на гринфилд странски директни инвестиции во изминатите години, од 9,36 милијарди долари.

Иако регионот не е дел од ЕУ, сепак се привлечени 147 гринфилд инвестиции во минатата година, а тоа е најголем број во последните шест години.

На гринфилд странските директни инвестиции во Србија отпаѓаат околу шест милијарди долари, а тоа е 70% од уделот. Учеството на Босна и Херцеговина во ова изнесува 11,6%, а пак Црна Гора привлекла 11 гринфилд инвестиции. Во Албанија по овој основ се слеале 809,9 милиони долари, што е 80% повеќе во однос на истиот период од претходната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот