Грин: УСАИД е посветена на тоа да го поддржува напредокот на Северна Македонија кон евроатланските цели

Посветени сме на Северна Македонија и на нејзиниот непрекинат развој. Земјата има историска можност да обезбеди иднина во евроатлантските институции, вклучително НАТО и ЕУ. Организацијата УСАИД е посветена на тоа да го поддржува напредокот на Северна Македонија кон остварувањето на овие цели.

Ова денеска го изјави администраторот на УСАИД Марк Грин на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Грин нагласи дека УСАИД планира да охрабри повеќе приватни инвестиции, истакнувајќи оти инвестираат во работна сила, во вештини, негување на прептриемништвото, помагајќи им на лидери од индустријата да инвестираат во мали и средни претпријатија.

– Веруваме дека со искористувањето на моќта на приватните претпријатија и партнерствата меѓу приватниот и јавниот сектор и тогаш можеме да погледнеме кон една попросперитетна иднина, рече Грин.

Тој како најуспешни програми на УСАИД, кој е присутен во земјава од 1993 година, ги спомена Универзитетот на Југоисточна Европа и компанијата за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х.

– Утрово посетив неколку корисници на помошта – ФХ3Х и Универзитетот на Југоисточна Европа. ФХ3Х добива огромни награди и е препознаено во целиот свет и е дел од најдобрите филмови кои ги имаме видено во нашево време. Пред неколку години тоа беше мал тим со големи соништа. Немаа пристап до обука, до објекти и им требаше само малку помош да си ги остварат соништата. Токму тука дојде УСАИД. Ние обезбедивме финансиска поддршка и деловни обуки, рече Грин.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев, од своја страна, нагласи дека УСАИД е организација што даде најголема поддршка за нашата држава на патот на демократијата и евроатлантските интеграции од независноста на државата.

– Тоа е институцијата што ги поддржа македонските граѓани и македонската држава да бидат на правиот пат да стигнеме до оваа точка до која денеска се наоѓаме, и да го измениме нашето општество во насока на транспарентност, демократија, просперитет.

Истакна дека на средбата со Грин отвориле нови теми за економска соработка.

– Јас го отворив прашањето за креирање на централна единица за креирање на јавни приватни партнерства кои сметаме дека се иднината за развојот на економијата, дека не може економијата во нашата држава да се развива само врз база на државни инвестиции, рече Анѓушев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот