Грилиш не сака да молчи: Сакав да шутирам пенал

EPA-EFE/Frank Augstein

Англискиот репрезентативец Џек Грилиш се огласи во јавноста по критиките од навивачите кои сметаа дека играчот на Астон Вила не сакал да ја преземе одговорноста при иззведување на последниот пенал против Италија во финалето на ЕП.

Пеналот во петтата серија го изведе младиот Букајо Сака, но неговиот удар го одбрани Џанлуиџи Буфон по што Италија по втор пат во својата историја стана европски шампион. Англиските фанови му се нафрлија на Грилиш од кого очекуваа како поискусен, тој да ја преземе одговорноста и да го изведе последниот пенал.

Денеска се огласи и фудбалерот на Астон Вила кој вели дека бил подготвен да го шутира пеналот, но селекторот Саутгејт одлучил поинаку.
– Реков дека сакам да го изведам пеналот. Селекторот донесе многу добри одлуки на ова ЕП, баш како што направи и минатата вечер. Сепак, не сакам луѓето да зборуваат дека не сум сакал да го шутирам пеналот, кога всушност сакав – рече Грилиш.

И Саутгејт не е поштеден од критики: Зошто Рашфорд и Санчо влегоа во игра во последната минута

Англиските фудбалери кои ги промашија пеналите во финалето се мета на расистички навреди

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот