Грицкањето нокти не е само лоша навика, постои и психолошка позадина

pixabay

Навиката на грицкање нокти обично се стекнува во детството. Се проценува дека 30% од децата ја стекнуваат оваа навика во одреден момент од нивниот развој и дека 15% од нив продолжуваат да си ги грицкаат ноктите и понатаму во животот.

Покрај тоа што рацете со изгрицкани нокти не изгледаат убаво и природно, оваа навика, која медицински се нарекува онихофагија, може да го зголеми ризикот од бактериски и габични инфекции.

unsplash

Се претпоставува дека кај децата, предизвикувач на грицкање нокти обично е стресот – нервоза пред тест или одговарање, кавга со родителите или со браќата и сестрите, страв од одење на стоматолог… Онихофагија е знак за родителите дека нивното дете се чувствува несигурно, загрозено и неприфатено.

А кога станува збор за постари лица кои не се ослободиле од овој „тик“, причините можат да бидат од психолошка природа.

Перфекционизам

Повеќето постари луѓе кои си ги грицкаат ноктите се стремат кон професионализам – тие сакаат секогаш да дадат се од себе во секој сегмент од животот и да постигнат повеќе од другите. Исто така, грицкањето нокти е поврзано со интензивна концентрација кога лицето треба да реши одреден проблем.

unsplash

Нетрпеливост

Возрасните кои сакаат сè – сега и веднаш, имаат тенденција да посегнат по грицкање на ноктите кога ќе бидат принудени да чекаат нешто. Кога ситуацијата оди според планот што го замислиле, тие се обидуваат да се ослободат од фрустрацијата грицкајќи ги ноктите.

Срам или незадоволство од самиот себе

Кога возрасен човек не е задоволен од постигнатото или се срами одн ешто што направил или не успеал да го направи, тој ќе започне механички да си ги грицка ноктите. Оваа навика повремено има смирувачки ефект, а всушност е „издувен вентил“ за чувство на разочарување од себе и од своите способности.

Сепак, онихофагијата не е несовладлив проблем. Ако грицкањето нокти сè уште е ваш секојдневен проблем, добри резултати даваат когнитивната бихевиорална терапија и замената на оваа навика со подобра и поконструктивна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот