Грета Тунберг за критичарите: Тие излегоа со секоја можна лага и теорија на заговор

Грета Тунберг/ Фото: Профимедиа

Целото внимание на пошироката светска јавност изминативе денови е свртено кон 16-годишната Швеѓанка, Грета Тунберг, по нејзиниот говор на климатскиот Самит на ОН во Њујорк.

Тинејџерката која е активист против климатските промени во обраќањето ги обвини светските лидери за нивната неактивност во борбата против глобалното затоплување, велејќи дека со тоа ја ограбиле од нејзиното детство.

Ставајќи се во центарот на вниманието на светската јавност, Грета привлече и многу критики, но и навреди на сметка на нејзиниот изглед, облеката и  од формата на аутизам од која страда.

Многумина ја нарекоа и изманипулирано дете кое се користи за да ги продлабочи поделбите во светот.

Грета јасно стави до знаење дека е свесна за сите навреди кои се пишуваат на нејзина сметка, но до сите критичари упати порака дека наместо да се занимаваат со неа, треба да се обидат да направат промена и да му помогнат на светот.

„Како што можеби забележавте, хејтерите се активни како и секогаш – се занимаваат со мене, мојот изглед, мојата облека, моето однесување и моите разлики. Тие излегоа со секоја можна лага и теорија на заговор“, напиша Грега на Твитер.

Таа објави фотографија како се враќа од САД кон Шведска на нејзината сега веќе култна едрилица, со која плови по Атлантскиот Океан затоа што верува дека авионите испуштаат премногу гасови кои придонесуваат за ефектот на стаклена градина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот