Грета Тунберг се вакцинираше и порача: Никој не е безбеден, додека сите не сме безбедни

Фото: EPA-EFE/J.J. GUILLEN

Шведската климатска активистка Грета Тунберг денеска ја прими првата доза од вакцината против коронавирусот.

„Благодарна сум и привилегирана што живеам во дел од светот каде можам да се вакцинирам“, напиша 18-годишната Тунберг на Твитер со фотографија од фластер на местото на левата рака каде беше вакцинирана.

Покрај тоа, Тунберг ја критикуваше дистрибуцијата на вакцини во некои делови од светот оценувајќи дека е „крајно нееднаква“.

Повикувајќи се на Њујорк Тајмс, младата активистка напиша дека досега 84 отсто од дозите примени во земјите со висок и среден приход, а 0.3 отсто се искористени во државите со низок приход.

„Никој не е безбеден, додека сите не сме безбедни“, додаде Тунберг и ги повика луѓето да не се сомневаат во ефективноста на вакцините.

„Вакцинацијата спасува животи“, напиша таа.

Видео на денот