Грета Тунберг се извини за изјава која заговара насилство: Тоа се случува кога импровизирате говор на друг јазик

Младата активистка Грета Тунберг/Фото: Профимедиа

Познатата активистка од Шведска за борбата против климатските промени, Грета Тунберг, на социјалните мрежи се извини за изјава која беше сфатена дека заговара насилство.

Станува збор за нејзина изјава во која таа истакна дека политичарите „треба да бидат турнати до ѕид“.

„Тоа се случува кога импровизирате говор на друг јазик. Но, секако, се извинувам доколку некој тоа погрешно го разбрал“, напиша Тунберг на Твитер.

Обраќајќи им се на младите во Торино, таа во петокот кажала дека светските лидери бегаат од својата одговорност да се борат против климатските промени.

„Мораме да бидеме сигурни дека тоа не можат да го сторат. Ќе се погрижиме да ги турнеме до ѕид и да мораат да ја исполнат својата обврска и да ја заштитат нашата иднина“, рекла Тунберг пред младите во Торино.

Во извинувањето таа додава дека направила буквален превод од шведскиот јазик каде овој израз опишува ситуација кога некој е присилен да решава тешко прашање или ситуација.

Некои критичари на социјалните мрежи, меѓутоа, ова нејзина изјава ја протолкуваа како повик на насилство врз политичарите, пренесе „АП“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот