Грета Тунберг: Политичарите и понатаму не преземаат конкретни чекори за климатските промени

Младата активистка Грета Тунберг/Фото: Профимедиа

Климатската активистка, тинејџерката Грета Тунберг денес изјави дека се „слушаат гласовите на климатските удари“, но дека и понатаму политичарите не преземаат конкретни чекори.

– Ние сме сѐ повеќе и повеќе и нашите гласови се слушаат сѐ посилно, но тоа секако се претвора во политичка акција – рече Тунберг на панелот во Мадрид, каде се одржува самитот за кима на Обединетите нации, а пренесе „Ројтерс“.

Тунберг, која започна глобално движење по нејзините протести пред шведскиот парламент, рече дека барањата до децата да отсуствуваат од часови на училиште за да протестираат поради неактивноста на владите за климатските промени „не е одржливо решение“.

– Не сакаме да продолжиме. Би сакале да се преземат некои чекори од луѓето на власт. Многумина денес патат и умираат од климатските и еколошките неприлики, затоа не можеме повеќе да чекаме – додаде Тунберг.

Таа рече дека се надева дека двонеделниот циклус за преговори за климата, кој започна во понеделникот во Мадрид, ќе придонесе за преземајње на контретни акции и дека светските лидери ќе ја сфатат итноста на климатската криза.

– Секако дека нема победа, бидејќи единствено што сакаме да видиме е вистинска акција. Значи, постигнавме многу, но ако гледате на проблемите од одредено гледиште, не постигнавме ништо – заклучува 16-годишната активистка од Шведска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот