Грета Тунберг го смени името на Твитер во Шерон

Покрај името, таа ги смени и годините, бидејќи во петокот наполни 17 години, а роденденот го прослави со протест пред зградата на шведскиот Парламент во Стокхолм.

Климатската активистка, шведската тинејџерка Грета Тунберг го смени своето име на Твитер во Шерон, по квизот во кој учесничка го згреши нејзиното име.

На прашањето за време на квизот „Мастермајнд” на Би-Би-Си, актерката Аманда Хендерсон за името на тинејџерката која е климатска активистка одговори дека е „Шерон” и нејзиниот одговор на социјалните мрежи е виден повеќе од пет милиони пати.

Веднаш по квизот и Грета Тунберг го смени името на Твитер во Шерон.

Покрај името, таа ги смени и годините, бидејќи во петокот наполни 17 години, а роденденот го прослави со протест пред зградата на шведскиот Парламент во Стокхолм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот