Грета Тунберг ги инспирираше студентите во Германија да започнат кампања за заштита на климата

Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Германските студенти започнаа кампања со која се бара поголеми мерки за заштита на климата, а предвидени се различни собири во текот на неделата.

Иницијативата е по примерот на движењето Петок за иднината, инспирирано од шведската тинејџерка Грета Тунберг, што ги поттикна средношколците во многу земји во петок наместо да одат на училиште да протестираат поради недоволното дејствување на владите во соочувањето со климатската криза.

Портпаролот на Движењето Студенти за иднината, Тобијас Холе најави дека прашањата за климатските промени и за заштита на климата до петок ќе бидат ставени во прв план на голем број универзитети. Тој додаде дека не се предвидени протести, но оти локалните групи имаат слобода на дејствување.

Студентите сакаат да се насочат на придвижување на квалитетни јавни расправи за прашањата за климата, вклучително и предавања за околностите што водат до климатски промени и за можни решенија, како и за работилници за тоа што може да се направи на локално ниво.

Акции се планирани во 40 германски градови и во повеќе од 50 универзитети и високи школи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот