Грета пристигна во Лисабон, од каде ќе се упати кон Мадрид на Конференција на ОН

Фото: Принтскрин

Шведската активистка Грета Тунберг денеска со еколошко пловило катамаран пристигна во Лисабон по три недели пловење по Атланскиот океан, од каде ќе го продолжи патот кон Мадрид каде што се одржува Конференција за климатски промени на ОН.

Тунберг, која пристигна од САД, ќе направи еднодневна пауза во Лисабон, каде ќе се сретне со други активисти.

Таа заедно со едно австралиско семејство плови со јахта која е еколошки прифатлива. Јахтата „Вагабонде” е долга 15 метри, користи соларни панели и хидрогенератори за струја.

Шведската активистка одбива да патува со авион, бидејќи се смета дека тоа превозно средство многу ја загадува околината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот