Грета поднесе пријава за да си го заштити името и движењето од комерцијална злоупотреба
Слободен печат
Пред
Климатската активистка Грета Тунберг изјави дека поднела пријава за да си го заштити своето име и терминот „меѓународен школски штрајк“ кој таа го инспирираше, пренесе „Б92“.
Грета на овој чекор се одлучи за да го заштити движењето од злоупотреба во комерцијални цели.
Во објавата на нејзиниот Инстаграм-профил, 17-годишната Швеѓанка рече дека таа и нејзините колеги активисти немаат апсолутно никаков интерес во врска со заштитниот знак, но дека тоа за жал е нешто што мора да го направи.
Тунберг рече дека со пријавата се штити нејзиното име, името на движењето „Петоци за иднината“ и „Школски штрајк за климата“, што беше слоганот кој го држеше за време на протестите пред шведскиот парламент, кој инспирираше слични акции на други млади луѓе ширум светот.
Тунберг рече дека заштитата на нејзиното име и движењето се потребни бидејќи цело време се користат во комерцијални цели без таа да го прифати тоа.
– Тоа, на пример, се случува во маркетингот, продажба на производи и луѓе кои собираат пари во мое име и во име на движењето – напиша таа.
-„Петоци за иднината“ е глобално движење кое јас го основав – рече Тунберг и додаде дека истото им припаѓа на оние кои во него учествуваат, а пред се на младите луѓе.
Не може и не смее да се користи во поединечни или комерцијални цели, истакна таа.
Тунберг наведе дека и таа и нејзиното семејство, исто така, основаат непрофитна фондација која транспарентно ќе ракува со парите од авторските права, донациите и наградите.
Целта на фондацијата ќе биде „промовирање на еколошка, климатска и општествена одржливост, како и на менталното здравје“, дополнува Грета.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Во интервју за „Слободен печат“, претседателката на Либерално демократската партија Моника Зајкова, истакна дека нејзината партија останува во досегашната коалиција и дека продолжува да се залага за членство на државата во ЕУ. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber – ЛДП останува на она што значи европски пат, односно брз влез во ЕУ, бидејќи гледаме …
Во интервју за „Слободен печат“, претседателката на Либерално демократската партија Моника Зајкова, истакна дека нејзината партија останува во досегашната коалиција и дека продолжува да се залага за членство на државата во ЕУ. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber – ЛДП останува на она што значи европски пат, односно брз влез во ЕУ, бидејќи гледаме …