Грета од Лозана им порача на светските лидери: Сѐ уште немате видено ништо, доаѓаме во Давос

Фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Тунберг рече дека со влезот во новата деката сѐ уште не се направени промените, ниту пак вистинските чекори кои би влијаеле за запирање на климатските промени.

Околу 10.000 демонстранти предводени од шведската активистка Грета Тунберг денес се собраа во швајцарскиот град Лозана, каде активистката ги повика владите да се разбувад и најави доаѓање во Давос, каде следната недела се одржува Светскиот економски форум, пренесува „Ројтерс“.

Во говорот на седумнаесетгодишната активиска, која го започна движењето #FridaysforFuture, ги критикуваше владите поради тоа што не преземаат ништо или недоволно за намалување на емисиите на штетните гасови.

Тунберг рече дека со влезот во новата деката сѐ уште не се направени промените, ниту пак вистинските чекори кои би влијаеле за запирање на климатските промени.

– На лидеритe и на оние на позиција на моќ сакам да им кажам дека се уште не виделе ништо. Тоа мора да се промени – повтори Тунберг.

Тоа е пораката која ќе ја испрати и следната недела на Светскиот економски форум во Давос, рече таа.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Доцна е, но сѐ уште не е предоцна“ и „Разбудете се и помирисајте ги пожарите“.

Илјадниците демонстранти најавија дека за викендот ќе тргнат кон Клостерс, кој се наоѓа во близина на Давос, каде и оваа година Тунберг ќе учествува на два панела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот