ГРЕТА НЕВЕШТО ОДГОВАРА НА НОВИНАРСКИТЕ ПРАШАЊА: Како младата активистка звучи без подготвен текст! (ВИДЕО)

На Интернет се појави видео снимка од прес конференцијата на шведската активистка Грета Тунберг и на неа може да се забележи како таа “невешто” одговара на прашањата на новинарот без претходна припрема.

Видеото од панелот кое веќе стана вирално, сега зборува во прилог на теоријата дека Грета е проект на големите сили и дека самата нема капацитет да го издржи товарот на глобалната промоција на своите идеи.

„Дали можете да нѝ кажете каква порака сакате да им пренесете на светските лидери и дали е време претседателот Трамп да одговори на она што го кажавте денеска?”, ја прашал новинарот.

„Извинете, што беше првото прашање?”, збунето прашала Грета, а кога новинарот ѝ го повторил прашањето, младата активистка се обидела да одговори.

„Пораката која сакаме да ја испратиме е дека нѝ е доста”, кратко одговорила таа и застанала, а потоа додала: „Дали некој друг сака да одговори на ова прашање?”.

„Мислам дека треба да им поставите прашање и на другите”, рекла Тунберг и го завршила своето излагање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот