Грешки што најчесто доведуваат до прејадување

Никогаш немојте да го прескокнувате појадокот, а вечерајте само тогаш кога чувството на глад е неиздржливо

Дури и кога сметате дека водите сметка за количеството храна што ја внесувате во текот на денот, постојат големи шанси да направите неколку грешки, поради кои телесната тежина константно ќе станува поголема.

„Уништувањето“ на совршената фигура, најчесто е резултат на јадење калорична храна како и на внесување теста и напитоци доцна во ноќта, кога најмалку треба да помислувате на јадење.

Но, ако избегнувате да јадете доцна навечер, а сепак вашата посакувана телесна тежина никако не успевате да ја одржите, во тој случај најверојатно правите одредени грешки за кои не сте ни свесни, а кои, меѓу другото, предизвикуваат надуеност во стомакот, појава на киселини и болки во желудникот.

Редовно го прескокнувате појадокот

Иако можеби сметате дека прескокнувањето на појадокот ќе ви помогне да намалите неколку килограми, на подолг рок, според нутриционистите, овој став ни оддалеку не е точен. Доколку сакате да ја задржите витата линија, никогаш не треба да го прескокнувате овој важен оброк. Ако континуирано прескокнувате да појадувате, за време на ручекот ќе внесете многу поголемо количество храна отколку што навистина ви е потребно и буквално ќе јадете до прејадување, без да бидете свесни за тоа. Затоа, отсега па натаму, задолжително обилно појадувајте, умерено ручајте, а вечерата избегнувајте ја колку што можете почесто.

Јадете додека гледате телевизија

Ако секогаш кога ќе седнете да гледате телевизија или кога ќе седнете да работите на компјутер имате храна пред себе, најчесто некои висококалорични грицки, тогаш речиси сигурно ќе се прејадете. Додека сте внесени во работата или во гледање на омилената серија, ќе изгубите контрола над тоа колкава количина ќе изедете. Затоа, во такви ситуации избегнувајте да поставувате храна во ваша близина.

Не разликувате глад од жед

Колку и да изгледа необично, многумина не разликуваат глад од жед. Доколку неодамна сте јаделе, а имате чувство дека повторно сте гладни, наместо да земете и да грицкате нешто, напијте се една чаша вода. Можеби вашето тело почувствувало потреба од течности, па како последица на тоа сте добиле необјасниво чувство на апетит.

Оброци за двајца

Доколку вашиот партнер не внимава околу изборот на храна и количината што ја внесува, ќе ви биде многу тешко да се контролирате колку да изедете и вие. Затоа, ако не можете да ѝ одолеете на храната и не можете да се контролирате колку јадете, обидете се да најдете компромис. За да го направите тоа, никогаш немојте да јадете иста храна. Гответе различни оброци и, се разбира, за вас многу помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот