Грешка или скандал?! Кандидати во Албанија излегуваат како победници со „фантом” гласови

Додека во поголемиот дел од албанските општини процесот на броењето на гласовите заврши, на површина се појавија и првите проблеми, кои предизвикаале сомнеж за начинот на објавувањето на победниците, јавува Топ Чанел.

Во некои општини, каде што дури кандидатите немаа ривали, се покажа дека добиле многу „фантом“ гласови, каде што бројот на граѓаните кои учествувале на изборите е многу пати помал од гласовите објавени на официјалната страница на Централната изборна комисија.

Истиот медиум набројува неколку општини каде кандидатите победиле со повеќе гласови отколку реалните гласачи како што е случај во Ура Вајгуроре, Малесиа е Маде, Дивјак, Вора, Мемалиај, Лушња, Химара, Булкиза.

Инку, од досегашните резултати од локалните избори во Албанија, се гледа дека победници се кандидатите подржани од Социјалистичката партија на Албанија. Партијата Демократско убедување досега не победи во ниту една општина било за градоначалник или општински советници.

Вчерашните избори во Албанија се одржаа без учество на опозицијата, а излезеноста изнесуваше само 21,6 проценти низ целата територија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот