Гренел се сретна со Курти: Нема временска рамка за постигнувањето на финалниот договор со Србија

Гренел исто така зборуваше и за финалниот договор со Србија, велејќи дека нема временска рамка кога треба да се постигне договорот.

Специјалниот пратеник на САД за дијалогот Косово- Србија, Ричард Гренел денеска се сретна со лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти. Тој рече дека разговарале за тоа до каде се работите за формирање на новата влада.

Гренел исто така зборуваше и за финалниот договор со Србија, велејќи дека нема временска рамка кога треба да се постигне договорот.

-Видете го просперитетот во Америка… Како на младите и се дава можност и надеж. Тоа што сум го слушнал од американските бизниси дека сакаат да дојдат овде но дека има уште конфликт…- рече Гренел.

Тој зборуваше и за формирањето на владата, додавајќи дека сите држави поминуваат низ истите процеси.

-Не сакам да зборувам за формирањето на владатa, не е тоа за што сакам да зборувам, ние сите гледаме однадвор. Му реков на Курти дека и земјите како Велика Британија и Германија имаат голема борба за формирање на коалициите за формирање влада. Ние само гледаме што се случува-, изјави Гренел.

Тој потсети дека таксите 100 проценти спрема продуктите од Србија и Босна Херцеговина треба да се укинат, додека од друга страна Србија треба да престане со својата кампања против Косово.

-Многу е важно ако сакаме да постигнеме економски развој, таксата 100 проценти треба да се укине. Ове е нешто што треба да се укине додека во исто време Србија треба да престане со кампањата против признавањата на Косово- додаде Гренел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот