Гренел ќе продолжи да биде специјален пратеник за дијалогот помеѓу Србија и Косово

Фото: Дарко Војновиќ (АП)

Белата куќа официјално потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп го именува амбасадорот Ричард Гренел за вршител на должноста шеф на сите разузнавачки служби на САД.

„Претседателот Трамп има целосна доверба дека Гренел ќе ја извршува работата на најпрофесионален начин”, наведено е на веб страницата на Белата куќа.

Во соопштението се додава дека амбасадорот Гренел има големо искуство во работата со службите за безбедност и голем број дополнителни функции, меѓу кои и местото специјален пратеник за преговорите меѓу Србија и Косово, како и портпарол на САД во ОН.

„Тој е посветен на неполитичкиот и непартискиот пристап и како шеф на сите американски разузнавачки агенции, од кои зависи безбедноста на земјата”, соопшти Белата куќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот