Гренел ја повика Приштина веднаш да ги укине таксите

Гренел, кој воедно е и американски амбасадор во Германија, истакна дека САД „јасно им ставиле до знаење на лидерите на партиите во Косово дека укинувањето на таксите е во најдобар интерес на Косово и на нејзината економија, како и желбата да се привлечат нови бизниси”.

Специјалниот претставник на претседателот на САД за дијалогот Белград-Приштина, Ричард Гренел, ја повика новата косовска Влада веднаш да ги укине таксите на српските производи, кои се причина за блокирање на преговорите, јави дописникот на МИА од Белград.

-Очекуваме таксите веднаш да бидат укинати, порача Гренел во соопштението.

Гренел, кој воедно е и американски амбасадор во Германија, истакна дека САД „јасно им ставиле до знаење на лидерите на партиите во Косово дека укинувањето на таксите е во најдобар интерес на Косово и на нејзината економија, како и желбата да се привлечат нови бизниси”.

Гренел пред две недели посредуваше во договорот за обнова на железничкиот и воздушниот сообраќај помеѓу Белград и Приштина.

-Ние правиме историски напредок. Наскоро ќе има нови вести, бидејќи двете страни сакаат да се оди напред. Овие чекори ќе придонесат за подобар живот на луѓето од регионот, нагласи Гренел.

Вчера, со мнозинство гласови, косовскиот Парламент ја изгласа заедничка влада на движењето Самоопределување и Демократската алијанса на Косово, предводена од Албин Курти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот