Гренел ја откажа посетата на Приштина

Фото: Принтскрин

Портпаролот на Гренел, Дик Кастин изјави дека посетата е откажана зашто сите партии не се подготвени за такво нешто.

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел ја откажа посетата на Приштина.

Според Газета, посетата е откажана поради застојот во преговорите на Демократскиот сујоз на Косово и Движењето Самоопределување за формирање на нова влада.

Портпаролот на Гренел, Дик Кастин изјави дека посетата е откажана зашто сите партии не се подготвени за такво нешто. Меѓутоа, не се знае на кои партии се мисли.

Доцнењето во формирањето на нови институции во Приштина по изборите на 6 октомври ги наведе странските амбасади и меѓународните претставници да се ангажираат во постигнување коалициски договор меѓу Самоопределување и ДСК.

Во таквата ситуација Гренел планираше да го посети Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот