Гренел го поздрави изборот на новата влада на Косово

Специјалниот пратеник на претседателот на САД во дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел го поздрави изборот на новата Влада на Косово на чело со Авдула Хоти и порача дека „едвај чека“ продолжение на дијалогот со Приштина.

– Ја поздравувам новата Влада на Косово и се радувам на продолжението на обновеното партнерство со неа и дијалогот со Србија, рече Гренел, соопштија од неговиот кабинет.

Пратениците во косовското собрание ја изгласаа новата влада со 61 глас „за“.

Во таа влада две места има Српската листа: досегашниот претседател на Северна Митровица Горан Ракиќ ќе биде министер за локална самоуправа, а Далибор Јевтиќ министер за заедници и враќање.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот