Гренел го покренува закочениот дијалог меѓу Белград и Приштина

Посетата на Гренел  уследи само неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп го именуваше Гренел за спецјален пратеник на Белата куќа за Косово и Србија.

По изборите во Косово одржани на 6 октомври, и изборниот пораз на актуелниот премиер Рамуш  Харадинај, падна во вода тврдата политика на Приштина околу воведените такси на српските производи.

Владата на Харадинај ги одбиваше повиците на меќународната заедница да ги укине таксите, што воедно беше и главниот услов на Белград за продлжување на  преговрите. Со губењето на власта на Харадинај , и отварањето на можноста идната влада да ја предводи победникот на овие избори  Албин Курти , се отвори и можноста да бидат повлечени повеќе месечните санкции за увоз на српски производи на Косово.

Токму амбасадорот на САД во Берлин, и сега новонаименуван преговарач за српско косовскиот дијалог треба во наредниот период да го забрза процесот на враѓање на преговарачка маса меќу делегациите на Белград и Приштина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот