Гренел: Досега не е разгледувана опцијата за размена на теритoрии

Фото: Принтскрин

Спецјалниот пратеник на американскиот претседател за дијалогот меѓу Белград и Приштина Ричард Гренел изјави дека досега не била разгледувана ниту пак било разговарано за евентуална размена на теритрии меѓу Косово и Србија.

,,Апсолутно не станао збор за размена на теритрии, и околу тоа никој досега не разговарал во мое присуство”, напишал Гренел на својот твитер налог.

Реакцијата на Гренел уследи откако на видео конференцијата посветена на меѓународните медиуми, во организација на виенскиот ,, Прес Клуб Конкордиа”(“PresseClub Concordia”),  било речено дека разговорите околу размената на територии започнале во мандатот на Федерика Могерини, и дека оваа идеја и продолжувањето на разговорите биле преземени од Гренел кој започнал да врши притисок врз владата на Албин Курти да ја прифати оваа идеја за решавањето на статусот на Косово.

На конференцијата, косовскиот вршител на должноста премиер Албин Курти го нарече гласањето за недоверба во неговата влада „пуч”, тврдејќи дека специјалниот пратеник на САД, Ричард Гренел е „тесно вклучен” во тоа, За време на онлајн конференцијата со неколку меѓународни медиуми  Курти изјави дека „Гренел бара итен договор со Србија што ќе вклучува и размена на територии”.

Тој обвини дека  „Гренел го киднапирал целиот процес на дијалог”, потсетувајќи дека, каков било договор со Србија треба да го потврди народот на Косово.

Курти пред меѓународните медиуми  потсети дека сака договор со Србија „но без географски карти”. Тој додаде дека „Тачи сакал да воведе вонредна состојба, да ја изведе војската на улица, да предизвика инциденти и со тоа да отвори пат за итен договор за размена на територии на кој би му недостигала демократска контрола”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот