Гренел: Авиолинијата Белград – Приштина ќе им помогне на бизнис заедницата и граѓаните

Фото: МИА

Според него, сега граѓаните и бизнисмените ќе можат шестчасовното возење да го заменат со 20-минутен лет.

Договорот меѓу Белград и Приштина за обновување на авиоврската меѓу двата града ќе му помогне на бизнисот да отвори нови работни места и да го прошири пазарот, изјави за Блиц специјалниот претставник на американската администрација за дијалогот меѓу Србија и Косово, Ричард Гренел.

Вели дека економскиот развој е клучот за покренување на целиот процес.

-Кога претседателот Трамп побара да бидам специјален претставник јасно ми рече дека економскиот развој е клучот за покренување на целиот процес. Економскиот раст е и секогаш ќе биде најголем создавач на богатство за луѓето од овој регион. Историското потпишување за воспоставување директни летови меѓу Белград и Приштина, прв после 21 година, ќе и помогне на бизнис заедницата да отвори нови работни места и да го прошири пазаров, вели Гренел.

Според него, сега граѓаните и бизнисмените ќе можат шестчасовното возење да го заменат со 20-минутен лет.

-Сакам да се заблагодарам на двете страни што го направија овој историски чекор, како и на „Луфтханса“ и НАТО. Претседателот Трамп и неговиот тим напорно работеа за да го постигнат овој договор, што е само почеток на светлата иднина која ја предвидуваме за нашите пријатели во Србија и на Косово, напиша Гренел на социјалната мрежа Твитер.

Вчера во Берлин беше потпишан овој историски договор со компанијата „Луфтханса“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот