Гренал: Договорите се потпишани благодарение на јасните директиви на Трамп

Преку Твитер, амбасадата на САД во Берлин, рече договорите за авиолинијата, железничкиот сообраќај и за автопатите ќе ги олесни врските и движењето на луѓето и стоките помеѓу Србија и Косово.

На оваа објава реагираше и самиот амбасадор на САД во Германија, Ричард Гренал, кој е и специјален претставник на претседателот на САД, за разговорите помеѓу Белград и Приштина, изјавувајќи дека, благодарение на јасните директиви на претседателот Доналд Трамп, се постигнати денеска договорите во Минхен.

-Благодарение на јасните директиви на Претседателот Трамп, потпишавме три економски договори за четри месеци. Еден за авио патување, еден за железници и еден за автопатите- напиша на твитер Гренал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот