Грен слем турнирот во Париз продолжува без Вилијамс!

epa08625802 Serena Williams of the USA in action against Maria Sakkari of Greece (not pictured) during a Western and Southern Open third round match at the USTA National Tennis Center in Flushing Meadows, New York, USA, 25 August 2020. EPA-EFE/JASON SZENES

Американската тенисерка се повлече од „Ролан Гарос“ чии организатори соопштија дека нема да го одигра мечот од второто коло против Цветана Пиронкова.

Серена Вилијамс од САД, една од најдобрите светски тенисерки го предаде дуелот против бугарската натпреварувачка, стои на официјалниот сајт на турнирот.

На стартот од грен слем турнирот во Париз Американката ја совлада нејзината сонародничка Кристи Ан, 102 на ВТА, со резултат 7:6 (2) и 6:0.

Повредата на Ахиловата тетива ја спречи Вилијамс да го продолжи настапот. Потсетување дека поради истата причина го пропушти турнирот во Рим, Италија.

Таа во својата професионална кариера досега има освоено 23 грен слем титули.

Видео на денот