Грегори, првиот Афроамериканец од САД именуван за кардинал на Римокатоличката црква

Фото: МИА

Папата Франциск го именуваше Грегори за седми надбискуп на католичката епархија на Вашингтон.

Папата Франциск денеска во Ватикан именува 13 црковни високодостојници на Римокатоличката црква, еден од нив е Вилтон Грегори, надбискуп на епархијата на Вашингтон, округ Колумбија, јави Ен-би-си њуз.

Тој е првиот Афроамериканец во историјата на САД именуван на една од највисоките црковни служби во Католичката црква.

Бискупот Грегори (72) е роден во Чикаго, каде го поминал детството. Во 1973 година тој бил назначен за свештеник во еперхијата на Чикаго. Во 2001 година е избран за претседател на Конференцијата на католички бискупи на САД.

Под негово лидерство, американските бискупи имплементираа грамота за заштита на децата од свештениците педофили.

Папата Франциск го именуваше Грегори за седми надбискуп на католичката епархија на Вашингтон.

„Му се заблагодарувам на папата Франциск со многу благодарно и скромно срце за ова назначување, кое ќе ми дозволи да работам поблиску со него во грижата за црквата Христова“, соопшти надбискупот по повод именувањето.

Во согласност со грижата на папата за католиците кои историски биле маргинализирани, останатите номинации за кардинали вклучуваат свештеници од Руанда, Брунеи, Чиле и Филипините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот