Грег Попович за историја, стана тренер со највеќе победи во НБА лигата

фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Сан Антонио спарс со 104:102 ја совлада Јута џез, а тренерот на „мамузите“ Грег Попович влезе во историјата на НБА лигата. Ова беше 1.336 победа на Попович во тренерската кариера и го помина Дон Нелсон кој остана на 1.335 победи во регуларниот од сезоните во НБА лигата.


Легендарниот Попович до историскиот подвиг дојде во 2030 натпревар и тоа во својата 26 сезона во Сан Антонио. Попович целата тренерска кариера ја помина само во еден клуб, Сан Антонио со кого освои пет шампионски титули.

– Ова е рекорд на сите нас, не мој туку е наш. Вакво постигнување не може да му се припише само на еден човек. Кошарката е тимски спорт – изјави Попович по натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот