Грег Попович повторно дели лекции против расизмот во САД

epa08275853 San Antonio Spurs head coach Gregg Popovich reacts during the NBA basketball game between the San Antonio Spurs and the Brooklyn Nets at Barclays Center in Brooklyn, New York, USA, 06 March 2020. EPA-EFE/JASON SZENES SHUTTERSTOCK OUT

Тренерот на Сан Антонио спарс на оригинален начин одговори дали Марко Белинели ќе игра на следниот натпревар.

Грег Попович веќе неколку пати излезе во јавноста зборувајќи против расизмот во САД како и против полициската бруталност. Тренерот на Сан Антонио сега истото го стори и во Дизни Ворлд каде се игра завршницата во НБА лигата, а Попович одлучи да подели лекција за американската дискриминација на афроамериканците и тоа кога беше запрашан дали Марко Белинели ќе настапи против Мемфис гризлис.

– Ќе ви одговорам на тоа прашање за една минута, а сега имам мало соопштение. Нашиот приоритет во заедницата и во државата е во врска со расизмот и порадотокот дека се уште постои во нашата држава. Многу луѓе во светот не ја разбираат сржта на ситуацијата во која авфроамериканците биле толку долго време.

Ќе би дадам еден пример, ние го правиме ова секогаш кога имаме можност само за луѓето да разберат колку сме биле лоши, не само во минатото. Пред 120 години во Северна Каролина, постоел амандман со кој афроамериканците морало да направат тест за писменост и мора да го положат за да имаат право да гласаат. Белите луѓе тоа не требаше да го прават откако воведоа правило со кое нема потреба да правите тест за писменост дококу имате роднини кои гласале пред 1863 година.

Значи афроамериканците тогаш беа робови и немаа ниту еден роднина кој гласал пред 1863 година. Поранешниот службеник на Конфедерацијата, Вилијам Гатри во пресрет на изборите објави соопштение во кое нагласува дека е неопходно да се заштитат белите жени, дека не можат сами да излезат на улица и дека афроамериканците треба да се држат подалеку од нив – вели Попович, кој објасни дека тоа е направено од популистички причини.

– Тој го направи тоа пред изборите за да биде сигурен дека неговата приказна ќе победи, а таквите активности и примери постојано се повторуваа… Тука станува збор за едукација и култура, никој од нас не го знаел ова, никој од нас не учел за вакво нешто. Се надевам дека луѓето ќе сватат колку е ситуацијата е очајна и можеби ова ќе ни помогне да ги кренеме главите.

И да, Марко Белинели нема да игра – одговори во свој стил Попович.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот