Грег Попович на слатки маки, дури 57 кандидати за дрим тимот

EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Кошаркарската федерација на САД денеска го објави прелиминарниот список од дури 57 кошаркари за Олимписките игри во Токио кои ќе се одржат ова лето.
Селекторот Грег Попович ќе има големи проблеми да ги избере 12. кошаркари кои ќе настапат за САД на Олимписките игри во Токио, бидејќи на списокот се наоѓаат најдобрите кошаркари во НБА лигата.
На списокот се наоѓаат имиња како тоа на Леброн Џејмс, Ентони Дејвис, Каваи Ленард, Пол Џорџ, Џејмс Харден, Кевин Дурент, Кајри Ирвинг, Стеф Кари, Бредли Бил, Девин Букер, Донован Мичел, Џејсон Тејтум, Џон Вол, Зајон Вилијамсон, Тре Јанг….

Кошаркарската репрезентација на САД го освојуваше златниот медал на последните три Олимписки игри, во Пекинг 2008, Лондон 2012 и Рио де Жанеиро 2016 и сигурно е дека се главен фаворит за златниот медал и на Игрите во Токио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот