GREEN LOVE забава во Ѓорче- од собраните средства ќе се купат садници

Преку поддршка на забавата за млади која се организира на иницијатива на двајцата Ѓорчепетровци Никола Цветковски и Иван Марковски, општина Ѓорче Петров ќе ја подобрува состојбата со зеленилото во општината. Имено, на 23 Ноември во Центарот за култура во Ѓорче Петров со почеток од 20 часот започнува еко забава, насловена GREEN LOVE. Идејата на забавата, како што информираат од општината е средствата од забавата да се наменат за купување садници со различни видови на мали дрвца.

Присутните ќе ги забавуваат DJ Brick, Branchez, Alan Ford, и C2.

Билетите ќе се продаваат по цена од 100 денари.

-Со секоја карта директно учествуваш во создавање на шумата на GREEN LOVE, повикуваат од општина Ѓорче Петров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот