Грците загрижени поради отворањето на границите

Сепак, загриженоста е поголема кога станува збор за грчко- турските односи и позицијата на Турција.

По отворањето на границите, 64 отсто од Грците се многу или доста загрижени за епидемијата на Ковид-19, според новото истражување на јавното мислење во Грција, спроведено од агенцијата „Pulse” за грчката телевизија „Скај”.

Сепак, загриженоста е поголема кога станува збор за грчко- турските односи и позицијата на Турција, со оглед на тоа дека еден од седум анкетирани рекле дека многу или доста се загрижени за конкретната тема.

Во однос на политичката сцена во Грција, предност од 19 отсто има владејачката Нова демократија во однос на опозициската СИРИЗА, а Кирјакос Мицотакис со 48 отсто, според анкетираните, е посоодветен за премиер, наспроти 24 проценти, колку што добива Алексис Ципрас.

Од анкетираните, 54 отсто, позитивно ја оценуваат и работата на грчката Влада во изминатата една година од победата на Нова демократија на ланските избори.

Поконкретно, 31 отсто од испитаниците велат дека владата работи подобро отколку што очекувале, 23 проценти одговориле дека е во рамките на нивните очекувања.

Истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Pulse” за грчката телевизија „Скај” било спроведено од 6 до 8 јули 2020 година, а биле анкетирани 1.305 лица со право на глас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот