Грците загрижени од провокациите на Турција

Последните случувања, изјави и зголемени провокации од Турција предизвикуваат загриженост кај 61 отсто од Грците, според последното истражување на јавното мислење спроведено од агенцијата „Pulse” за грчката телевизија „Скај”, јави дописничката на МИА од Атина.

Повеќе од половина анкетирани, односно 54 отсто сметаат дека одлуките и дејствијата на грчката влада во прашањата поврзани со Турција се во правилна насока, а 34 отсто одговориле дека се во погрешна насока.

Актуелната грчка влада, во однос на бегалското/мигрантското прашање, не добива поддршка од граѓаните, со оглед на тоа дека 55 отсто од испитаниците сметаат дека владините одлуки и дејствија се (веројатно или сигурно) во погрешна насока. Наспроти нив, 34 проценти сметаат дека веројатно или сигурно се во правилна насока.

На прашањето, „доколку следната недела се одржат избори, за кого би гласале”, 38 отсто од анкетираните рекле Нова демократија, а 25 проценти СИРИЗА, со што разликата меѓу владејачката и опозициската партија изнесува 13 отсто. На третото место е Движењето на промена, а потоа следат Комунистичката партија, Грчко решение и МЕРА25.

Во однос на тоа кој е посоодветен за премиер, 45 отсто го избира Кирјакос Мицотакис, 27 проценти Алексис Ципрас, а 24 отсто од анкетираните одговориле „ниту еден од двајцата”.

Истражување на јавното мислење на агенцијата „Pulse” за грчката телевизија „Скај”, било спроведено од 16 до 18 декември, а преку телефонски интервјуа биле анкетирани 1202 лица со право на глас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот