ГРЦИТЕ ПОДГОТВИЛЕ СПЕЦИЈАЛНИ РАКЕТИ: Нивниот Мираж-2000 подготвен да нападне ТУРСКИ БРОД (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Борбен авион Мираж-2000 на Грчките воздухопловни сили „заклучил“ турски воен брод со ракети „Егзоцет“, пренесува Авиатонист. 

На фотографиите, кои ги објави Авиатонист, се прикажува ХУД (индикатор за пилотски шлемови), а како доказ дека станува збор токму за Мираж-2000, се наведува карактеристичното црево за полнење на авионот со гориво.

На истите фотографии се покажува дека бродот веќе е „локализиран“, а најверојатно станува збор за турска фрегата.

На левата страна на ХУД ја гледаме ознаката „М39“, која ги претставува против-бродовите ракети АМ-39 „Егзоцет“, информира Авиатонист.

Односите меѓу Анкара и Атина се на голем тест откако Турција одобри бушење на морското дно за нафта во близина на брегот на Кипар.

Тие тензии беа потврдени и преку неодамнешната средба на Ердоган и премиерот на Грција Мицотакис, во рамките на НАТО самитот во Лондон, кога било констатирано дека постојат проблеми кои ги отежнуваат односите помеѓу овие две соседни земји, како и дека треба да се решаваат.

https://twitter.com/MbSNewsEnglish/status/1204264956608180224

Анкара минатата година блокираше грчки подводни истражувања источно од Кипар, кои ги организирала легалната влада во Никозија, членка на ОН и ЕУ.

Во меѓувреме, Анкара во спорното подрачје испрати свои бродови, кои сега трагаат по гас и нафта, под изговор, дека тоа подводно богатство подеднакво и припаѓа и на турското малцинство, кое во северниот дел од островот прогласило непризната држава.

ЕУ тогаш го осуди овој потег на Анкара, заканувајќи се дека ќе преземе санкции против Турција, ако таа продолжи да ги загрозува правата на меѓународно признатата земја – Република Кипар.

Во врска со најновиот инцидент, ракетите „Егзоцет“, всушност се противбродски проектили, кои биле дизајнирани од страна на две француски фабрики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот