Грците недисциплинирани, ги прекршуваат превентивните мерки

Во текот на вчерашниот ден во Грција биле уапсени осум лица за 12 прекршувања на превентивните мерки што се однесуваат на забраната на работата на продавници, цвеќари, кафулиња, ресторани, таверни, фризерски салони, спортски сали и сл, јави дописничката на МИА од Атина.

Контролите на грчката полиција започнаа на 12 март 2020, а заклучно со вчерашниот ден биле уапсени 258 лица во потврдени 250 прекршувања.

Најголемиот број од прекршувањата, како што соопштија од грчката полиција, се во областа Атика, поширокиот дел на Атина, каде што биле регистрирани 106 случаи.

Конкретните контроли на полицијата се неповрзани и одделни од контролите за почитувањето на забраната за движење што стапи во сила вчера наутро

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот