Грција: Започна тестирање за антитела на вработените во болниците

Во Грција се потврдени 14 нови случаи на варијантата Омикрон/ Фото: ЕПА

Од Министерството за здравство на Грција соопштуваат дека се обезбедени веродостојни тестови за антитела.

Со одлука на министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас, од вчера започна тестирање за антитела на вработените во болниците, во здравствените центри, во локалните и регионални ординации во областа Атика, а до крајот на месецов ќе биде спроведено и завршено и во сите други грчки периферии, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за здравство на Грција соопштуваат дека се обезбедени веродостојни тестови за антитела, а тестирањето е доброволно, додека пак резултатите ќе се користат за епидемиолошки цели.

Освен здравствените работници, ќе бидат тестирани и сите други чија работа е поврзана со здравствените центри во земјата, како што се службеници, вработени во агенции за обезбедување, хигиеничари и сл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот