Грција: Задолжителен негативен тест за Ковид-19 за авиопатниците од Романија и Бугарија

Сите оние кои од денеска ќе пристигнат во Грција авионски од Бугарија и Романија, задолжително е да имаат потврда на англиски јазик за негативен молекуларен тест за Ковид-19, направен до 72 часа пред патувањето, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката донесена „врз основа на анализа на епидемиолошките податоци” е идентична со онаа што се однесува на пристигнувањата по копнен пат преку граничниот премин Промахонас (Кулата), односно и за влез во Грција од Бугарија, задолжителен е негативен тест за коронавирусот.

Министерската одлука објавена во Службен весник е во сила до 4 август 2020 година, а не важи за грчките државјани, за оние кои имаат грчка дозвола за престој и за оние кои патуваат од есенцијални причини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот