Грција воведува здравствени протоколи за работа на хотелите и туристичките објекти

План за управување со сомнителен случај на Ковид-19, потребно е да имаат сите хотели и туристички објекти во Грција, согласно здравствените протоколи од Министерството за туризам, додека пак хотелите со капацитет од 50 и повеќе соби, потребно е да изработат акционен план и индивидуални протоколи за секој дел од објектот за управување со евентуален позитивен случај, јави дописничката на МИА од Атина.

Секој туристички објект треба да одреди лице одговорно за спроведување на планот за справување со сомнителен случај на коронавирусот, како и лекар соработник.

Паралелно, предвидена е и обука на персоналот за начинот на пренесување на вирусот, за процесот за информирање на одговорните во хотелот како и гостите, за одржување на основните правила за лична хигиена итн.

Прочитајте и...  Истражување: 25% од етничките Албанци не веруваат во ковид-19, а 48% од Македонците сметаат дека е создаден вештачки

Секој туристички објект треба да има архива со податоците за персоналот и гостите (име и презиме, националност, датум на пристигнување и заминување, телефонски број, мејл и сл) за доколку се појави сомнителен случај, да биде полесно пронаоѓањето на лицата кои биле во контакт.

Паралелно мора да се почитуваат и правилата за заштита на личните податоци.

На рецепција, треба да има антисептик за гостите, вработените да ја држат потребната дистанца, се препорачува да постојат информативни проспекти со основните здравствени упатства на неколку јазици, се препорачува пријавувањето и одјавувањето да биде по електронски пат, а плаќањето со картица.

Поставувањето заштитен плексиглас не е задолжително.

Во туристичките објекти и хотели, според протоколите од Министерството за здравство на Грција, се препорачува да се отстранат декоративните предмети, списанијата, каталозите, на далечинските управувачи за климите и телевизорите да се користи заштитна прекривка за една употреба, секојдневно да се проветруваат просториите и се препорачува во секоја соба да постои антисептик.

Прочитајте и...  Напад со нож во основно училиште во Кина: Повредени се 37 деца и неколку возрасни

Веќе одредените, општи правила и прописи што важат за угостителските услуги, просторите за деца, за спа центрите и базените, за конференициските сали, продавниците и сл, истите важат и за конкретните делови доколку се во рамките на хотелите.

Хотелите кои работат во текот на целата година ќе се отворат на 1 јуни, додека пак останатите туристички објекти, две седмици подоцна, односно на 15 јуни 2020 година.

Во здравствените протоколи на Министерството за туризам на Грција, како што објави МИА, вклучени се и организираните кампови, кои исто така треба да имаат план за управување со сомнителен случај на Ковид-19.

Меѓу влезовите на камп приколките, шаторите и слично, треба да има растојание од пет метри и три метри странично.

Прочитајте и...  Масовни тестирања за Ковид-19 во поширокиот регион на грчкиот град Ксанти

Во однос на туристичките автобуси, треба да работат со 50 отсто од капацитетот,  на влезот треба да има антисептик, а за сите патници за целото патувањето, задолжително е носењето маска. Се препорачува често проветрување на автобусите и темелно дезинфицирање после секое патување или на крајот од смената.

Компаниите што управуваат со автобусите потребно е да имаат план за управување со сомнителен случај на Ковид-19, доколку кај некој од патниците се појават симптоми.

Прочитај повеќе

Скопјани ги фати страв од коронавирусот (ВИДЕО)

Во Шпанија нови пет смртни случаи од коронавирус

Слободен печат

Огромните расходи на Франција се мерат во милијарди евра

Слободен печат

Официјалната обдукција потврди: Џорџ Флојд починал од срцев застој, имал многу модринки и исеченици

Слободен печат

Се зачади во косовското собрание: Претседателката ги опомена пратениците да не пушат на седница

Слободен печат

Мицкоски: Има зголемување на број на новоинфицирани, а никој не сноси одговорност

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Бар: Во протестите во САД постои надворешно мешетарење

МИА Агенција

Меркел: Убиството на Џорџ Флојд е многу страшно

Слободен печат

Ставот на републиканскиот сенатор за воена интервенција на протестите објавен во „Њујорк тајмс“ предизвика лавина реакции: Читателите не разликуваат вест од мислење

Слободен печат

Четворица пожарникари со две противпожарни возила гаснат пожар кај Росоман

Слободен печат

Меркел дефинитивно рече збогум: Најмоќната жена во Европа сепак заминува во пензија

Слободен печат

Куомо до демонстрантите: Тестирајте се на коронавирус, тоа е граѓанска должност

Слободен печат