Грција со непроменет став за европската перспектива на Западен Балкан

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET / POOL

Позицијата на Грција за поддршката на европската перспектива на Западен Балкан, ја повтори портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану, на редовниот брифинг со новинарите, без притоа да открие дополнителни детали за синоќешниот телефонски разговор меѓу министрите за надворешни работи на Грција и Бугарија.

Одговарајќи на прашањето, Папајоану рече дека европската перспектива на регионот не била главната тема во разговорот на Никос Дендиас со Екатерина Захариева, туку била спомената во контекст на поширокиот регион.

– Основното прашање за кое што разговараа беа случувањата во Источниот Медитеран и пошироко и турското провокативно однесување. Во овој контекст, секако, како што е и очекувано се водат разговори и за европскиот тек на Западен Балкан. Тоа беше неопходно да се спомене. Во овој момент нема нешто друго што би можел да додадам, рече Папајоану на брифингот одржан преку видео-конференција.

На новинарско прашање за вчерашната колумна на поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција рече дека нема да коментира, бидејќи изразени се лични позиции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот