Грција со ковид рекорди за едно деноноќие: Новозаболени 2.917 лица и 29 смртни случаи

Фото: EPA-EFE/PANTELIS SAITAS

Грција денеска бележи уште еден негативен рекорд, како во однос на новите случаи на ковид-19, така и во однос на бројот на починати.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, во изминатите 24 часа се регистрирани 2.917 новозаразени и 29 починати лица.

Трет ден по ред, бројот на нови случаи на ковид-19 во Грција е над 2.000, а зголемен е бројот и на пациенти приклучени на апарати (187).

Од почетокот на епидемијата се регистрирани 49.807 случаи на ковид-19, а починаа вкупно 702 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот