Грција се согласува со ставот да нема раздвојување на европерспективата на Македонија и Албанија

Се согласуваме со ставот што преовладува во Европа дека не треба да има раздвојување, рекол грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во однос на европската перспектива на Македонија и Албанија, во разговор со грчките новинари по средбата со американскиот архиепископ и приемот во конзулатот на Грција во Њујорк.

Како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА, Мицотакис пред новинарите говорел за повеќе теми, меѓу кои и за правото на глас на Грците кои живеат во странство, за земјата како инвестициска дестинација, за кипарското прашање, како и за средбите со Реџеп Таип Ердоган и со Зоран Заев и европската перспектива на Северна Македонија и Албанија, jави дописничката на МИА од Атина.

-Земјите од Европската унија ќе го оценат текот на двете држави од западен Балкан и соодветно ќе се одлучат следните чекори. Се согласуваме со ставот што преовладува во Европа дека не треба да има раздвојување (decoupling), им рекол Мицотакис на грчките новинари според АНА-МПА.

Грчката новинска агенција додава дека „Заев бара да постои различен третман бидејќи смета дека неговата земја ги исполнува сите предуслови, независно од тоа што ќе се случи со Албанија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот