Грција: Прв случај на бебе заразено со ковид-19 од својата мајка

Ковид-10 во Грција/ Фото: EPA-EFE/PANTELIS SAITAS

Во атинска болница вчера се роди бебе позитивно на Ковид-19 од мајка заразена со вирусот, што воедно е прв ваков случај во Грција, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, мајката пред осум дена имала симптоми на коронавирусот и по направениот тест било потврдено дека е позитивна, додека пак вчера, при приемот во болница, а непосредно пред породувањето со царски рез, одново била тестирана, а резултатот од молекуларниот тест бил слабо позитивен.

Бебето е згрижено на Одделот за интензивна нега на новороденчиња, а грчката новинска агенција АНА-МПА пишува дека со фактот што породувањето било со царски рез, се отфрла можноста за пренесување на вирусот при породувањето.

Директорката на гинеколошко–акушерската клиника во болницата каде што се роди бебето, Софија Калантариду за порталот „Healthview” рекла дека ова е сериозен наод што ги потврдува стравувањата за пренесување на вирусот во матката од мајката на детето.

Медиумите во Грција пишуваат дека досега, сите новороденчиња родени во конкретната атинска болница од мајки заразени со ковид-19, имале негативни резултати по направените молекуларни тестови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот