Грција: Повторно зголемен бројот на случаи на Ковид-19, 153 во 20 различни делови

Бројот на новозаболени во Грција и понатаму од ден на ден се зголемува, за денеска да достигне до 153 нови случаи, регистрирани во 20 различни делови на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Националната органиација за јавно здравје на Грција соопшти 153 нови случаи, од кои 11 по направените тестови на влезните точки во земјата, со што бројот на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 5.123 лица.

Според грчките медиуми, повеќе од половина од денешните случаи се во Атина и Солун, 40 и 38, 14 се во Лариса, осум кај вработени во бич бар на островот Миконос, седум се кај туристи кои доброволно се тесирале за време на нивниот престој во земјата, а од еден до четири случаи има во повеќе различни делови на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот