Грција: Повлечен предлогот за криминализирање на богохулството

Собрание во Грција/EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Грчките власти денеска се откажаа од плановите бласфемијата да се прогласи за кривично дело, откако предлогот наиде на бројни критики во парламентот за време на расправата меѓу претставниците на конзервативната Влада и левичарската опозиција.

Министерот за правда Костас Цијарас рече дека е повлечен предлог-законот за криминализација на богохулството, потсетувајќи дека со тој предлог била предвидена казна затвор до две години.

Но предлогот наиде на бројни критики.

– Само фундаменталистичките држави во Азија и на Блискиот Исток иммаат такви закони – изјави опозицискиот пратеник Спирос Лапас.

Грчката православна црква го поздрави овој предлог-закон, оценувајќи дека тој би „помогнал во зачувување на религиските чувства на верниците”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот