Грција подготвува план за рестартирање на туризмот, деталите за неколку дена

За процесот на враќање во „нова нормалност”, владиниот портпарол Стелиос Пецас истакна дека во изминатите денови беа направени важни чекори.

– Ова лето нема да биде како ланското и не треба да се прави споредба, но Владата подготвува план како да го рестартира туризмот кој ќе биде готов, а потоа и соопштен за неколку дена, изјави грчкиот владин портпарол Стелиос Пецас.

Тој нагласи дека годинава туризмот во земјата почнува од нула, а што и да се постигне ќе се смета за успех.

– Ќе сториме сè што можеме за да добиеме поголемо парче од многу помалата туристичка пита, рече Пецас.

Портпаролот на грчката Влада не откри детали од планот и во однос на тоа дали ќе биде потребен тест пред пристигнувањето на туристите во Грција и во однос на тоа доколку се појави позитивен случај на Ковид-19 на некој од островите за време на туристичката сезона.

Тој додаде дека во владиниот план ќе бидат вклучени сите аспекти и здравствените и во однос на патувањата, но и економските.

Во однос на билатералните договори со други земји кусо рече дека постојат разговори, но и тој дел ќе биде презентиран во склоп на комплетниот план.

За процесот на враќање во „нова нормалност”, Пецас истакна дека во изминатите денови беа направени важни чекори.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот