Грција по примерот на ЕУ ќе го признае Гваидо

Фото: EPA/Miguel Gutierrez

Грчкото Министерство за надворешни работи денеска објави дека оваа земја по примерот на ЕУ ќе го признае лидерот на опозицијата во Венедуела, Хуан Гваидо, информираат тамошните медиуми.

„Владата на Република Грција срдечно ги поддржува напорите на ЕУ кои се насочени кон постигнување мирно, демократско решение за кризата во полза на венецуелскиот народ“, стои во официјалното соопштение на Министерството.

Претходната левичарска влада на Грција се воздржа од признавањето на Гваидо, кој во јануари самиот се прогласи за преседател на Венецуела до одржувањето на нови избори.

Повеќето светски сили веруваат дека реизборот на претседателот Николас Мадуро минатата година бил наместен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот