Грција од утре ги затвора границите за Србите

Грција од утре ги затвора границите за државјаните на Србија, потврди за Н1, српскиот министер Расим Љаиќ.

Одлуката е донесена поради епидемиолошката состојба во Србија и големиот број српски државјани кои имале позитивни тестови на ковид-19 во Грција.

Како што објавува Н1, на оние српски државјани кои се веќе на одмор во Грција ќе им биде дозволено да останат до крај.

Досега на туристите од Србија влез во Грција им беше дозволен само преку Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот